ЕКИПА во Хернинг,
Стеван Цаневски
Филип Кузмановски го одигра својот најдобар меч во репрезентативниот дрес, капитенот беше маестрален на теренот, постигнувајќи 15 гола од 18 обиди, со што успеа да го урне и рекордот на Кире Лазаров, за најмногу погодоци на еден меч од европскиот шампионат.
Рекордот на Лазаров на ЕП изнесуваше 13 погодоци, на легендарниот дуел со Данска на ЕП 2012 во Белград. Кузмановски постигна два повеќе од сегашниот селектор, па од вечерва е апсолутен рекордер во оваа категорија.
„Лазаров ми беше идол. Нека биде горд на мене. Навистина не брка рекорди, и мене ми претставува. Учам од него. Ниту знаев дека имал Лазаров 15 гола некогаш. Горд сум што можам да се споредам со него. Еден од најголемите во Македонија. Голем мотив е да се наследи некој како него. Горд сум и на моите соиграчи кој што ми помогнаа. Веднаш би го сменил овој рекорд да победа против Португалија. Некако е тешко сега да се говори, како што кажав и по мечот со Данска навистина верувавме во себе. Знаевме дека имаме квалитет. Дека можеме да одиграме добро против Португалија. Фокусот беше на овој меч и на оној против Романија. Денот беше посебен. Сите имаа крв во очите. Сите покажавме како се игра за Македонија. Да го повториме овој меч. Но со ладни глави. Анализа и подготовка за следниот меч“ – изјави по мечот Филип Кузмановски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

