Никој како Кварацхелија: Во една сезона ги освои ЛШ, Серија А, Лига 1 и Купот на Франција

Фудбалерите на ПСЖ го декласираа Интер со 5-0 во финалето во Лигата на шампионите, и така дојдоа до првиот трофеј во најелитното европско натпреварување во историјата.

Со тоа тимот од Париз стана 24-тиот тим кој успеа да го освои најелитното клупско натпреварување во Европа. Во финалето својата одлична сезона ја заокружи Грузиецот Квича Кварацхелија, кој беше еден од стрелците.

Во одличната сезона Грузиецот веќе има четири трофеи, а може да дојде и до петти ако ПСЖ го освои светското клупско првенство.

Тој првиот дел од сезоната го мина во Наполи, кој подоцна ја освои Серија „А“. Потоа во јануари за 70 милиони евра замина во ПСЖ, и ја освои со „светците“ Лига 1, Купот на Франција а на  тоа го додаде и трофејот во ЛШ.

На 24 меча за ПСЖ, постигна седум и намести шест голови.

Се вчитува...