Никој како Леброн: Апсолутен рекордер во НБА

Леброн Џејмс продолжува со неверојатните остварувања, откако „кралот“ се надоврза со уште еден апсолутен рекорд – овојпат за играч со најмногу победи во историјата на НБА-лигата.

Тој рано утрово стигна до победата број 1,229 со што го остави зад себе легендарниот центар Карим Абдул Џабар, кој имаше 1.228 победи во својата неповторлива кариера.

Џејмс стигна до рекордот со триумфот над Кливленд, тим чии бои Леброн успешно ги бранеше цели 11 сезони во најсилната лига на светот. Леброн имаше ефект од 14 поени, 6 асистенции и 5 скокови во оваа победа на Ла Лејкерс.

Се вчитува...