Жозе Мурињо веќе во првиот натпревар од новата сезона во италијанското првенство стигна до рекорд. Имено, со победата на Рома над Фиорентина од 3-1, португалскиот стратег стигна до 50. победа во Серија А и тоа за рекордно време бидејќи ниеден тренер пред него не успеал во 77 одиграни натпревари да стигне до оваа цифра.
Како потсетување, во својот прв мандат во Италија, на клупата на Интер од 2008 до 2010 година, Мурињо оствари 49 победи за 76 натпревари.
Интересно е тоа што легендарниот тренер овие рекорди ги држи и во Шпанија и Англија, меѓутоа со уште подобри учиноци. Во Премиерлигата до јубилејната 50. победа стигна за 62 одиграни натпревари, додека во Ла Лига за 63.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА