Никој како Мурињо: Со седум различни клубови до нокаут-фазата во ЛШ

Жозе Мурињо вечерва ќе ја предводи Бенфика во 1/16 финалето од Лигата на Шампионите против поранешниот клуб Реал Мадрид, со што Португалецот ќе стане апсолутен рекордер во уште една категорија.

Имено, Мурињо е прв тренер во историјата што успеал со седум различни тимови да се пласира во нокаут-фазата од елитното  европско натпреварување.

Серијата почна со Порто како клуб кој ја лансираше неговата тренерска кариера, потоа Мурињо направи ист успех и со Челси, Интер, Реал Мадрид, Манчестер јунајтед, Тотенхем и сега со Бенфика.

Притоа, тој има и два трофеи во Лигата на Шампионите, по еден со Порто и со Интер.

Жозе навистина е „специјален“, нема што…

Се вчитува...