МЗТ Скопје ја продолжи доминацијата на македонската кошаркарска сцена, што истовремено значеше и продолжување на жетвата на трофеи на Дамјан Стојановски, кој е најтрофејниот кошаркар во мак-баскетот.
Со вчерашната титула капитенот на МЗТ стигна до неверојатно достигнување – „дабл-дабл“ трофеи во мак-баскетот, или поточно – по десет освоени титули во македонскиот шампионат и во Купот на Македонија.
Дамјан сите десет пехари во првенството ги освои како член на МЗТ Скопје, додека во купот има осум трофеи со аеродромци, и уште по еден како член на Вардар и на Амак СП.
Навистина извонредно достигнување на долгогодишинот македонски репрезентативец, кој и на 37-годишна возраст има клучна улога во атакот на трофеи на сино-белите од Аеродром.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

