Никој како Сан Марино – пет натпреварувачи и три медали

Една од најмалите држави во светот, Сан Марино која брои само 34. илјади жители е најпродуктивната држава на Летните олимписки игри во Токио. Оваа држава во главниот град на Јапонија ја претставуваа само пет натпреварувачки, а три од нив се закитија со медал.

Првиот медал по 61. година за малата држава од Апенинскиот полуостров го освои Алесандра Перили која стигна до бронзата во стрелаштво во индивидуален трап, а потоа во тандем со Џанмарко Берти во мешан трап стигна до нов бронзен медал.

Третиот медал е дело на борачот Мајлс Амин кој во категоријата до 86 килограми за бронзениот медал славеше против Индиецот Дипак Пунија.

Се вчитува...