Пеп Гвардиола продолжува да жнее трофеи во англискиот фудбал, откако Манчестер сити ја освои титулата во Лига купот.
„Граѓаните“ на Вембли беа подобри од Арсенал со 0-2 и со тоа стигнаа до првиот трофеј во сезоната.
Со оваа победа, Пеп Гвардиола стана единствениот менаџер во историјата на англискиот фудбал со пет трофеи во Лига Купот. Ова е неговиот 19-ти трофеј вкупно откако седна на клупата на Сити во 2016 година. Покрај петте Лига Купа, тој освои уште шест Премиер Лиги, два ФА Купа, три Комјунити Шилда, една Лига на шампиони, еден Европски Супер Куп и едно Светско клупско првенство.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

