„Никој не бараше од Чави да замине“

Одлуката на тренерот на Барселона, Чави Хернандез да си замине од клупата на каталонскиот гигант по крајот на сезоната изненади многумина, меѓу кои и спортскиот директор на клубот, Деко.

Португалецот во текот на кариерата настапуваше заедно со поранешниот шпански репрезентативец, секогаш имаа одлична соработка, а сега призна дека бил изненаден од одлуката на својот пријател, но и дека не му е лут.

„Чави секогаш беше во нашите планови за иднината. Имавме визија за следната сезона, а потоа не изненади со тоа што реши да замине на крајот од сезоната. Ни кажа дека ќе замине доколку не ја освои титулата во Ла лига. Никој не го бараше тоа од него, ние само сакавме да бидеме конкуренти“, изјави Деко.

Се вчитува...