Никој не ја сака „деветката“ во Челси затоа што мислат дека е проколната

Тренерот на Челси, Томас Тухел рече дека напаѓачите на неговиот тим одбиваат да го облечат дресот со број девет, поради тоа што сметаат дека е проколнат. После враќањето на Ромело Лукаку во Интер, деветката остана празна, но веројатно никој нема да ја има во новата сезона.

Англиските медиуми наведуваат дека Лукаку се приклучил на „промашувањата“ како Торес, Мората, Креспо, Игуаин, Фалкао, напаѓачи кои не ги оправдаа очекувањата и парите платени за нив.

„Проколнат е, луѓето така кажуваат“, рече Тухел на прашањето зошто никој не ја сака деветката во „сините“.

„Не беше голем интерес за тој дрес. Никој не сака да го носи. Сите кои се подолго од мене во клубот велат дека сите кои го носеле тој број во клубот, не давале голови“, рече Германецот.

Сепак, „Телеграф“ потсетува дека Диего Коста и Дидие Дрогба носеа 11 и 19, и имаа одлични сезони. Сепак, Теми Абрахам постигна 21 гол со деветката на грбот, но минатото лето беше продаден во Рома.

Се вчитува...