Организаторите на финалето во Лигата на шампионите сакаа сè да мине во најдобар ред. Англичаните потрошија пет милиони евра за безбедноста на натпреварот на „Вембли“, но и покрај тоа на самиот старт двајца навивачи се пробија до теренот и имаа „свои пет минути“.
Обезбедувањето на финалето од Лигата на шампионите имаше уште еден голем пропуст. На стартот од вториот дел навивачите на Дортмунд имаа пиротехнички перформанс.
Факелите се забранети на мечевите на УЕФА, па нивното внесување е пропуст на обезбедувањето кое очигледно не ги претресувало доволно добро.
First pitch invaders and now flares.
The security at Wembley have been on top form tonight.#UCL | #UCLFinal pic.twitter.com/TwFtrCPUoA
— Football Tweet ⚽ (@Football__Tweet) June 1, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА