Манчестер Сити продолжува да гази во англиската Премиер-лига, откако вечерва славеше над Евертон со 1-3 во заостанат натпревар од 16. коло. „Граѓаните“ поведоа со голот на Фил Фодер во 32. минута, а до крајот на првите 45. минути, Ришарлисон во 37. успеа да израмни на 1-1.
Во второто полувреме со головите на Марез во 63. и Бернардо Силва во 77. минута избраниците на Пеп Гвардиола стигнаа до 12. победа во низа во елитното англиско натпреварување. Сити сега има 56 бода, односно десет повеќе од градскиот ривал Јунајтед, додека Евертон останува седми со 37 бода.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

