„Никој не може да ми забрани да клечам на ЛОИ во Токио“

Освојувачот на златниот олимписки медал во велодромски велосипедизам, Калум Скинер за британските медиуми говореше околу одлуката на Меѓународниот олимписки комитет да не дозволи клечење на ЛОИ во знак на поддршка на движењето „Black lives matter“. Британецот вели дека не може никој да го ограничи тоа да го направи.

„Организаторите на игрите се обидуваат да наметнат своја волја таму каде што не е можно. Ако спортистот сака да клекне тој ќе клекне. Луѓето ги фрустрира движењето „Black lives matter“, затоа што го гледаат како политичко движење, но тоа е всушност борба за рамноправност и како таква треба да биде нешто што ЛОИ треба сто отсто да го поддржат“, изјави Скинер. 

 

Се вчитува...