„Никој не може да предвиди кога Симаниќ би се вратил на терените“

Dокторот на српската кошаркарска репрезентација на Србија, Драган Радовановиќ изјави дека засега никој не може да го предвиди датумот на враќање на терените на Бориша Симаниќ.

Српскиот репрезентативец заработи тешка повреда на дуелот со Јужен Судан на Мундијалот во Манила, по што по две неопходни операции остана без бубрег.

„Закрепнувањето на Симаниќ оди добро, тој е на редовни контроли и анализи. Следи начин на живот адекватен на неговата моментална состојба додека не се усогласат сите потребни функции. Кога ќе биде целосно фит со сите параметри, тогаш ќе им се врати на редовните спортски активности. Никој не може да го предвиди датумот на враќање, бидејќи тоа е посебен случај, што е прилично ретко во историјата на спортските повреди“, истакна Радовановиќ.

Се вчитува...