Никој не му верува на Клоп: Кутињо е болен, затоа не игра со Хофенхајм

Јирген Клоп почна да го навлекува бесот на фановите на Ливерпул поради безрезервната одбрана на Филипе Кутињо, и покрај желбата на фудбалерот да се пресели во редовите на Барселона. Бразилскиот ас воопшто не тренираше со тимот откако му беше одбиено барањето за трансфер поднесено минатата седмица, a ситуацијата не се промени ниту вчера, без оглед на најавите дека Барса се повлекува од преговорите за негов трансфер.

Германецот десетина дена го оправдуваше својот плејмејкер дека има повреда на грбот, а откако Кутињо не се појави ниту на последниот тренинг пред мечот со Хофенхајм, Клоп имаше поинаков изговор.

Кутињо е болен, затоа не тренираше. Се останато е ОК, нашиот однос е 100% добар“ – изјави Клоп на прес-конференцијата пред реваншот со Хофенхајм.

Навивачите стануваат се поразочарани од својот миленик, но во исто време и лути на Клоп бидејќи не ја кажува вистината за целиот случај.

Во меѓувреме, британските медиуми најавуваат дека Кутињо веќе в четврток (по дуелот со Хофенхајм) би требало да има средба со Клоп и со раководството на клубот, на која се очекува да бидат расчистени сите дилеми и тој дефинитивно да остане на „Енфилд“. Доколку тоа се случи, се очекува Бразилецот да тренира со екипата во четврток, петок и сабота, па потоа и да биде во комбинација за неделното дерби со Арсенал.

Се вчитува...