Фудбалерите на Интер и Наполи очигледно не сакаат да ја освојат титулата во италијанскиот шампионат, откако и двете екипи кои се борат за скудетото не стигнаа до победа во 37. коло од Серија А.
Интер на домашен терен во трилер меч одигра без победник 2-2 против Лацио. Водство за домаќините од 1-0 донесе Бисек во судиското продолжение во првото полувреме. На 1-1 израмни Педро во 72. минута, додека ново водство за Интер донесе Думфрис во 80. минута. Конечните 2-2 ги постави Педро од пенал во 90. минута.
Inter 2-[2] Lazio – Pedro penalty 90' (+ call)
byu/Meladroitdetrela insoccer
Киксот на Интер не го искористи Наполи кој одигра реми без голови против Парма 0-0. Во последното коло Наполи ќе мора да победи на домашен терен против Калјари, или Интер да не стигне до триумф на гостински терен против Комо.
РЕЗУЛТАТИ СЕРИЈА А 37. КОЛО:
РОМА – МИЛАН 3-1
КАЛЈАРИ – ВЕНЕЦИЈА 3-0
ФИОРЕНТИНА – БОЛОЊА 3-2
ИНТЕР – ЛАЦИО 2-2
ЈУВЕНТУС – УДИНЕЗЕ 2-0
ЛЕЧЕ – ТОРИНО 1-0
МОНЦА – ЕМПОЛИ 1-3
ПАРМА – НАПОЛИ 0-0
ВЕРОНА – КОМО 1-1
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

