Никој не знае кога Нејмар повторно ќе заигра фудбал

Нејмар не одолеа на богатата понуда од Саудиска Арабија откако прифати вкупно 300 милиони евра за две години минато во дресот на Ал Хилал, каде Бразилецот требаше да биде главна ѕвезда на екипата.

Сепак, следеше тешка повреда на коленото на почетокот од ланската сезона по која Нејмар влезе во подолга пауза од фудбалот, која се уште трае. Вообичаената пауза при ваков вид на повреди е од шест до девет месеци, но во случајот на Бразилецот таа е уште подолга. Челниците на клубот се сомневаат во посветеноста на Нејмар за побрза рехабилитација, особено откако тој се врати во Ријад, но падна на физичкиот тест што беше организиран специјално за него, со надеж дека ќе успее да го мине и да влезе во последната фаза од рехабилитациската програма.

Тоа ќе значеше дека Нејмар ќе може повторно да заигра фудбал на почетокот од месец октомври, но паѓањето на тој тест ги зголемува главоболките на тренерот Жезус, кој според последните информации најмалку уште два месеца нема да може да смета на најскапото засилување.

На Ал Хилал му оди одлично и без екс-фудбалерот на Барса, но богатите шеици сакаат што поскоро да го видат Нејмар на дело, да почне да го оправдува богатството вложено во овој мегатрансфер (90 милиони евра за ПСЖ, вкупно 300 милиони евра за самиот фудбалер за две години).

Се уште е неизвесно дали овој фудбалер ќе може да заигра до крајот на календарската година, а самиот однос на Нејмар е доволна причина челниците на Ал Хилал уште сега да донесат одлука, да не ја активираат клаузулата за продолжување на соработката со Бразилецот за уште една дополнителна сезона.

Се вчитува...