„Никој нема напраено магаре од Баерн како Тотенхем“

Легендата на Баерн Минхен Лотар Матеус зборуваше за доведувањето на Хари Кејн по поразот од Лајпциг во финалето на германскиот Суперкуп со 3-0.

Англискиот напаѓач дебитираше на овој меч, а Матеус вели дека никој досега не напраил магаре од Баерн Минхен како Тотенхем.

„Повторно нема трофеј за Кејн. Во 64. минута Тухел во игра ја внесе својата ѕвезда од 100 милиони евра при резултат 0-2. Мислам дека згреши. Никогаш немаше да го внесам Кејн во игра во тој момент. По целиот циркус со потпишувањето требаше да ја почека промоцијата, евентуално можеше да се претстави пред навивачите пред натпреварот и да седне во свечената ложа. Според мене, ваквото деби на Хари е грешка. Имаше преголема гужва, лет за Минхен, итен лекарски преглед и потпис среде ноќ. Дефинитивно лоша идеја Не можам да се сетам дека некој некогаш направил магаре од Баерн како Тотенхем. Претходно тоа би изгледало вака: „Го сакаме вашиот играч, ви даваме 80 милиони евра“. Имате седум дена да одговорите“. Ако не одговорат, Баерн секогаш имал опција Б. Ова со Кејн траеше предолго, но во ред, сега е тука, а цената е прифатлива со оглед на сумите кои се даваат денеска за фудбалери“, изјави Матеус.

Се вчитува...