Аргентина денеска го игра премиерниот меч на СП 2022 против Саудиска Арабија, а изборот на селекторот Лионел Скалони донесе и нов мундијалски рекорд.
Имено, Аргентина стана првата репрезентација во историјата што почнала мундијалски натпревар со четири првотимци со по најмалку 34 години.
Листата ја предводи Лионел Меси, кому друштво меѓу стартните единаесетмина му прават Отаменди, Ди Марија и Папу Гомез.
Аргентина по првото полувреме има водство од 1-0 против Саудиска Арабија, со голот од пенал што го постигна Лионел Меси.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА