Напаѓачот на Милан, Жоао Феликс кој е на позајмица од Челси, би можел да се пресели во Јужна Америка. Тој има понуда од Бразил, од тимот на Фламенго.
Бразилскиот клуб веќе почнал преговори со Челси, и ја разгледува опцијата да го ангажира како позајмен, со право на откуп. Во минатото Феликс играше и во Бенфика, и важеше за еден од поголемите португалски таленти, но неговата кариера не се одвиваше во посакувана насока.
Португалецот оваа сезона одигра 36 меча, и постигна осум гола и три асистенции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

