За прв пат, Златан Ибрахимовиќ во подкастот „Неуспехот на шампионот“ со Славен Билиќ, зборуваше и за тоа како еден тренер во неговата кариера го понижил како никој никогаш претходно. Тоа е Фабио Капело.
Капело го донесе во Јувентус во јуни 2004 година, а сега Ибрахимовиќ призна дека Капело веднаш го понижил уште првиот ден откако пристигнал во Торино.
„Дојдов во Јувентус и на насловните страници на ‘Газета’ беше дека Златан Ибрахимовиќ дошол во Јувентус. Капело држеше весник во рацете кога влегов на состанокот. Останав фасциниран од тоа што се најдов на насловна страница на еден таков весник. Претходно, пак, се подготвувави прашав неколкумина во соблекувалната што да му кажам на шефот кога ќе влезам? Тогаш не знаев италијански, а ми рекоа да кажам добро утро шефе. Влегов и реков на италијански кратко: ‘Добро утро господине’, и седнав на столчето. Капело не направи ништо. Апсолутно ништо. Само седеше и не подигна ниту глава, ниту ме поздрави, ниту ме праша нешто…. Се чувствував понижено. Збунето. Ме понижи како никогаш никој дотогаш. Дури подоцна ми кажа и призна дека го направил тоа за да „прими почит“ од мене. Му успеа, веднаш го почитував Капело од првиот ден“, рече Ибрахимовиќ.
Јувентус тогаш го донесе Ибрахимовиќ од Ајакс во трансфер вреден 16 милиони евра во тоа време!
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

