Никој веќе не верува во пензионирање на Конор: Бил пијан кога пишувал…

Џастин Гатје пред еден месец дојде до УФЦ трофејот во лесна категорија совладувајќи го Тони Фергусон. Па, по таа победа, се веруваше дека Гатје ќе ги одмери силите со Хабиб Нурмагомедов или Конор МекГрегор. Но, утрово МекГрегор повторно најави заминување во пензија – третпат, откако претходно двапати се премислуваше.

Сепак, очигледно е дека веќе никој не верува во најавите на МекГрегор за пензија. Ниту Џастин Гатје не го штедеше Ирецот по неговата објава за пензија.

 

Гатје истакна дека сиурно повторно бил пијан кога го пишувал статусот, притоа потсетувајќи на епизодата на МекГрегор кога во еден паб удри постар човек затоа што не сакал да се напие виски од него.

„На среќа, сите постари сега се во своите домови. Овој човек повторно се пијанчи“ – напиша Гатје на својот Твитер профил.

 

Се вчитува...