Македонскиот репрезентативец Никола Ѓоргев во следните две години ќе биде дел од холандскиот прволигаш Твенте.
Ѓоргев, кој е фудбалер на швајцарски Грасхоперс, како што пренесуваат холандските медиуми а од информации од холандскиот клуб, ќе игра следните две години како позајмен фудбалер во Твенте. Оставена е можност Холанѓаните да го откупат и целосно македонскиот репрезентативец.
19-годишниот крилен офанзивец изминатиов месец настапи и за младата репрезентација на Македонија на ЕП во Полска постигнувајќи и еден погодок во ремито (2-2) против Србија.
Никола Ѓоргев потехнува од школата на Грасхоперс, а за првиот тим на Швајцарците од 2015 година има одиграно 32 натпревари. За македонската сениорска репрезентација досега има пет официјални настапи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА