Арау го совлада Тун во швајцарското првенство, благодарение на екс македонскиот репрезентативец Никола Ѓоргев. Ѓоргев на овој натпревар придонесе со еден гол и една асистенција.
Најпрво во 18. минута донесе водство за својата екипа, а потоа во 24. минута асистираше за предност од 2-0. На крајот неговиот тим дојде до победа од 3-0 во 30. коло од швајцарската втора лига, со која тимот сега со 40 бодови е на четвртото место, и ја прекина серијата од тир порази по ред. Сепак, Арау нема никакви шанси да дојде до втората позиција и да се бори за пласман во најсилната швајцарска лига.
За Ѓоргев ова беше седми погодок во овосезонскиот шампионат на Швајцарија, а има и исто толку асистенции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

