Вториот од трите турнири во годинашата Европска златна лига е значаен за македонските одбојкари во подготовката за квалификациите за ЕП.
Во Беверен, Белгија нашите одбојкари ќе се сренат прво против Азербејџан, а в против домаќинот и голем фаворит Белгија. Капитенот на репрезентацијата Никола Ѓорѓиев вели дека Азербејџан ќе биде одлична проверка за квалификацискиот дуел против Грузија.
„За мене Азербејџан ќе биде вистинската прверка пред квалификацискиот натпревар со Грузија. Тоа се две изедначени репрезентации, ние ги победувавме во минатото, но тоа не мора ништо да значи и затоа треба добро да се подготвиме. За утре е најважно да не правиме грешки. Мислам дека тоа ќе биде доволно за да го совладаме Азербејџан“, вели капитенот Никола Ѓорѓиев.
Азербејџан двапати играше во Европската лига. Во единствената во 2014кога ние бевме трети, тие ги загубија сите 8 натпревари. Во 2019 во Сребрената лига кога имаа биланс 2-4, двапати победија против Грузија, нашиот противник на патот кон ЕП 2026. Минатиот викенд беа поразени од Романија и од Украина, што значи дека вкупниот биланс им е 2-14 во Европската лига.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА