Капитенот на македонската репрезентација Никола Ѓорѓиев го доби признанието за најкорисен играч на Интернационалниот меморијален турнир „Чајка“ кој изминативе денови се одржа во спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје.
Ѓорѓиев со своите игри сосема заслужено стигна до признанието, и покрај тоа што македонската селекција со една победа, против Египет од 3-2, и два порази од Јапонија и од Грција го завршија турнирот. Со овој турнир завршија и пријателските натпревари на Македонија во очекување на Европското првенство кое го стартуваме на 30. август против Данска.
На крајот Грција го освои првото место на турнирот „Чајка“, со шест бода, исто колку што има и Јапонија на второто место, Египет е на третото место а Македонија заврши на четвртата позиција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА