Никола Ѓорѓиев феноменален за пласман на Карловарско во финалето на Купот на Чешка

Капитенот на македонската одбојкарска репрезентација, Никола Ѓорѓиев одигра извонреден натпревар за чешкиот тим Карловарско, овозможувајќи му на својот тим пласман во финалето на Купот на Чешка.

Карловарско во полуфиналето, предводен од македонскиот одбојкар, славеше против екипата на Одолена Вода со 3-1.

Па, во сабота Ѓорѓиев ќе има можност за освојување на трофејот со чешкиот тим. Во финалето Карловарско ќе игра со подобриот од мечот меѓу Прага и Чешке Будејовице.

Се вчитува...