Никола Ѓоргиев и тимот на Онико продолжуваат со извонредни настапи во шампионатот на Полска, каде македонскиот ас и неговите соиграчи вечерва ја забележаа и дванаесеттата победа во низа, овојпат на домашен терен над Кјелце со 3-2 во сетови.
По променливите игри и резултати на стартот од сезонава, Ѓоргиев и Онико делуваат незапирливо во последните месеци, па неслучајно со оваа фантастична серија тимот од Варшава се искачи на второто место на табелата, со седум бода заостанување зад лидерот Козле.
Онико важеше за голем фаворит на дуелот со Кјелце, но отсуството на тројца стандардни одбојкари придонесе тимот на Ѓоргиев да се соочи со проблеми, па дури во тајбрејк да стигне до победата. Македонецот повторно беше меѓу најдобрите поединци на теренот, реализирајќи 20 поени (18 во напад, два со блок), како увертира за големото дерби што Онико ќе го игра во следното коло на домашен терен против првопласираниот тим на Козле.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА