Македонската одбојкарска репрезентација ги финишира подготовките за двата пријателски натпревари со селекцијата на Романија кои треба да преставуваат финална контрола пред настапите во Златната лига на ЦЕВ.
Капитенот Никола Ѓоргиев пред заминувањето за Романија потенцираше дека ова е еден вид нов почеток на селекцијата со нов селектор, низ кој треба да се изгради позитивниот дух во националниот тим за сите предизвици кои следат.
„За мене ова е еден нов почеток. Ова е една нова генерација која сега треба да се изгради, а јас сум среќен што ќе бидам капитен на помладите со кои очекувам и посакувам да го вградиме тој македонски победнички дух. Па, желбата е нов пласман на европско првенство потоа“ – вели Ѓоргиев, притоа дополнувајќи:
„Секако сакаме да видиме како ќе изгледа тимот на пријателските со Романија, како и дуелите во Златната лига овде во Струмица, а потоа ни следи главното во август – квалификациите за ЕП. Најважно е да го изградиме победничкиот дух и атмосферата кои не красеа минатите години па во еден таков случај верувам во успешно лето“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА