Најдобриот македонски одбојкар, Никола Ѓоргиев и во следните две сезони ќе ги брани боите на Љубљана откако денеска официјално ја продолжи соработката со словенскиот тим.
Македонецот во главниот град на Словенија пристигна на почетокот на сезоната, а ги инспирираше Словенците со својата посветеност и макотрпно залагање.
„Многу сум среќен што постигавме договор со Љубљана за продолжување на соработката. Организацијата во клубот е феноменална, тука сме целосно посветени на поставените цели за вивнување на клубот меѓу најдобрите. Досега во кариерата не сум бил во подобар клуб од Љубљана, почнувајќи од луѓето во организацијата па се до соиграчите. Се тоа ја олеснува работата на теренот, полесна е и мотивацијата за одржување на високо ниво во текот на целата сезона“, изјави Ѓоргиев.
Тој кариерата ја почна во домашната ЏИО Струмица, а беше дел и од клубовите, Раднички Крагуевац, Волеј Форли, Париз Волеј, Тореј Ероуз, ОНИКО Варшава, Осака Б. Сакаи и Фридрисхафен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА