ЕКИПА во Љубљана,
Катерина Павлова Николовска, Никола Ѓуровски
Тој не е задоволен од сопствените изданија, уште помалку од тимскиот ефект на Македонија на ЕП 2019, но капитенот Никола Ѓоргиев статистички сепак се врбојува меѓу десетте најдобри поентери. Тој се наоѓа на седмата позиција според бројот на остварените поени (35) по три одиграни натпревари, со напомена дека одредени селекции се уште го немаат одиграно третото коло.
„Не сум најзадоволен од мојата игра, не можам да заспијам, затоа што не сме ние вистинските. Едноставно не се читаме најдобро, она што всушност беше и нашиот најголем белег. Но, сепак, сега е ова и едно сосема поинакво квалитативно ниво“, вели капитенот Никола Ѓоргиев.
Најдобар поентер засега на шампионатот е Цветан Соколов од Бугарија (62), а во првите 20 има место и за Александар Љафтов на 18.позиција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА