Поранешниот македонски селектор и тренер на многу клубови Никола Илиевски – Џиџи го презема кормилото на второлигашот Охрид во новата сезона.
Џиџи во Охрид ќе го замени Александар Толески кој си замина од клубот после завршувњето на минатата сезона. Договорот е на една сезона, со можност да биде продолжен, во зависност од резултатите кој ќе ги оствари екипата.
69-годишниот Илиевски во кариерата работеше во Вардар, Ренова, Металург, Победа, беше селектор на младата селекција, потоа и на сениорската. Од интернационалните клубови бил во Билиш Балш, Публикум, Рудар Какањ. Покрај Македонија, беше селектор и на Бангладеш.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА