Никола Јокиќ ја предводеше балканската вечер во НБА

Кошаркарите кои доаѓаат од поранешната Југославија ја одбележаа изминатата вечер во НБА лигата. Најдобар повторно беше Никола Јокиќ кој за 28 минути поминати на паркетот постигна 21 поен, 18 скока и 9 асистенции во победата на неговиот Денвер од 126-97 против Феникс.

Одлична партија одигра и хрватскиот интернационалец Бојан Богдановиќ кој со 27 поени, 6 скока и 4 асистенции го предводеше Детроит до победа од 135-118 над Минесота, додека Богдан Богдановиќ реализираше 22 поени и 5 асистенции во поразот на Атланта од Милвоки со 105-114.

Црногорецот Никола Вучевиќ оствари далб-дабл учиниок од 15 поени и 10 скока на кои додаде и 5 асистенции во поразот на Чикаго од Вашингтон со 100-97, натпревар кој беше решен во последните секунди со тројката на Кузма над својот поранешен соиграч Карузо.

Се вчитува...