Српската кошаркарска репрезентација ќе може да смета на услугите на Никола Јокиќ на Европското првенство кое ќе се одржи од 1. до 18. септември, потврди претседателот на КСС, Драган Тарлиќ.
Центарот на Денвер кој зад себе имаше фантастична сезона во НБА лигата во која стигна и до втората МВП награда во низа за разлика од претходните години кога ќе одбиваше повикот, овој пат ќе му се стави на располагање на селекторот Светислав Пешиќ во амбициите за медал на континенталниот собир.
„Во рамки со ограничувањата, учеството на репрезентативните обврски поврзани со Европското првенство, односно квалификацискиот прозор во август го потврди Никола Јокиќ, кој од првиот ден кога НБА правилата ќе дозволат ќе биде со националниот тим“, изјави Тарлиќ.
Тоа значи дека Никола Јокиќ ќе биде дел од српската репрезентација и во квалификациите за Светското првенство во кои „орлите“ ќе се сретнат со Летонија и Белгија на крајот на јуни и почетокот на август.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

