Никола Јокиќ дојде на хиподромот во Сомбор каде беше пречекан со неверојатни овации, но на изненадување на сите, асот брзо реши да си замине, на истиот начин како што дојде.
Засега не е позната причината за заминувањето… Можеби се работи за невидениот метеж на градскиот хиподром во Сомбор каде имаше повеќе од 3.000 луѓе. Јокиќ беше на хиподромот нешто повеќе од пет минути.
Во моментите кога Јокиќ доаѓаше на хиподром никој не ја следеше трката што беше во тек, туку сите следеа каде оди и што прави српскиот кошаркар.
Впечаток е дека никој од семејството Јокиќ не бил задоволен од ваквиот метеж на хиподромот и невидениот интерес на јавноста за овој настан.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

