Сезоната на Никола Јокиќ во НБА лигата заврши со елиминација на Денвер во конференциското полуфинале на Западот. Подобар од бранителот на трофејот беше тимот на Минесота која ја доби „мајсторката“ на гостински терен и тоа во натпревар во кој имаше негатива од 20 поени на отварањето на второто полувреме.
Најкорисниот кошаркар на НБА лигата, Никола Јокиќ доби интересно прашање на пресконференцијата за медиуми поврзано со репрезентативниот настап на престојните Летни олимписки игри кои ќе се одржат во Париз.
Додека Србите се надеваат дека ќе го имаат можеби и најдобриот кошаркар на денешницата во составот, тој и не е толку сигурен во тоа.
„Не знам пријателе, морам да размислам“, кратко одговори Јокиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

