Никола Јокиќ со златни букви се запиша во историјата на НБА

Никола Јокиќ забележа нов трипл-дабл учинок во НБА лигата овој пат проследен со 16 асистенции кои се доволни за српскиот центар со златни букви да се запише во историјата како првиот центар, а само третиот кошаркар на сите времиња кој ја завршил сезоната со трипл-дабл во просек.

На коло пред крајот на регуларниот дел од сезоната просекот на Србинот ќе остане „троцифрен“ бидејќи повеќе не може да падне под просекот на 10 асистенции.

Пред Јокиќ тоа им успеваше само на Оскар Робертсон во сезоната 1961/62 и Расел Вестбрук во сезоните 2016/17, 2о17/18, 2018/19 и 2020/21.

Се вчитува...