Никола Јокиќ веќе почнал со индивидуални тренинзи

Водечкиот НБА инсајдер Шемс Чаранија ги презентираше најновите информации за здравствената состојба на Никола Јокиќ и неговиот процес на закрепнување.

Јокиќ доживеа тешко истегнување на коленото на натпреварот против Мајами на 30. декември, што веднаш предизвика загриженост во Денвер и низ целата НБА. Сепак, деталните прегледи со магнетна резонанца донесоа олеснување – беше утврдено дека нема механичко оштетување на лигаментите, па затоа беше избегнато најлошото сценарио.

Според првичните проценки на медицинскиот тим, Јокиќ треба да се подложи на нов преглед четири недели по повредата, на крајот на јануари. Во меѓувреме, од Колорадо пристигнаа неофицијални информации дека Нагетсите немаат намера да ризикуваат со неговото враќање и дека опцијата за превентивна пауза до Ол-стар викендот, односно втората половина на февруари, е сосема реална. Сепак, според Чаранија, постои можност трикратниот МВП да се врати порано, ако неговата состојба го дозволи тоа.

„Никола Јокиќ е практично нон-стоп на рехабилитација, работи буквално на секои неколку часа. Вежба со тегови, прави кардио на велосипед, го лади коленото и, според информациите што ги имам, веќе почнал лесно да шутира на теренот“, рече Чаранија. 

Се вчитува...