Никола Јокиќ во друштво на легендарниот Оскар Робертсон

Никола Јокиќ дефинитивно е најдобриот центар во НБА лигата. Тој во ноќта која е зад нас за 30 минути поминати на теренот уфрли 22 поени, надополнети со 10 скока и 5 асистенции. Со овој учинок тој успеа да се запише во листата на рекорди заедно со легендарниот Оскар Робертсон.

Јокиќ во првите десет натпревари постигна 244 поени, а забележа и 112 скока и 104 асистенции, учинок кој претходно во историјата му успеал само на Осакр Робертсон. Тие се единствени двајца кошаркари во историјата на лигата кои во првите 10 меча успеале да забележат минимум 200 поени, 100 скока и 100 асистенции.

Се вчитува...