Никола Јокиќ во Кина доби подарок коњска глава

Најдобриот кошаркар на денешницата, Никола Јокиќ,доби подарок во Кина во форма на глава од коњ направена од патики.

Асот на Денвер Нагетс е во една од најнаселените земји на планетата како промотор на брендот 361, чии патики ги носи.

„Ова е направено од патики? Неверојатно е, многу е интересно, ви благодарам, многу“, рече најдобриот кошаркар во светот.

Јокиќ е познат љубител на коњи, има своја штала во Сомбор, а Денвер често објавува видеа каде српскиот ас ги гледа своите миленици.

Во следните неколку дена ќе се знае дали Јокиќ ќе ја предводи Србија на Европското првенство, кое ќе се игра во четири земји на почетокот на септември.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by BasketNews (@basketnews)

Се вчитува...