Кошаркарот на Фенербахче, Никола Калиниќ ќе се врати на терените по четири месеци пауза на мечот против Жалгирис закажан за утре во рамките од Евролигата. Српскиот репрезентативец поради повреда со која се здоби во август го пропушти Европското првенство во Турција и почетокот на сезоната во Евролигата.
Според медиумите од Турција тој веќе една недела тренира со тимот и ќе биде на располагање на Обрадовиќ.
Калиниќ во Фенербахче пристигна пред две години од редовите на Црвена звезда, а со турскиот гигант освои две титули во домашното првенство како и минатогодишниот успех во Евролигата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА