Никола Карабатиќ уште еднаш ја покажа својата големина на овој Мундијал, откако дојде повреден за да им помогне на „триколорите“ и блесна во клучниот момент – самата завршница од „малото финале“ против Германија во Хернинг, кога со гол со звукот на сирената му донесе бронза на францускиот национален тим.
Со тоа големиот ас ја продолжи и својата жетва на трофеи во репрезентативниот дрес, со неверојатни 15 медали што Карабатиќ ги има освоено во својата 16-годишна кариера со „галските петли“.
Никола Карабатиќ своето репрезентативно деби го имаше на СП 2003 во Португалија кога „триколорите“ стигнаа до бронзата, а една година подоцна на ЕП во Словенија беше избран во олстар-тимот на шампионатот. Покрај деветте златни медали во изминатиот период Карабатиќ има и четири МВП-признанија, како доказ зошто Французинот важи за најдобар ракометар на денешницата.
Погледнете го погодокот со кој Карабатиќ им донесе бронзен медал на Французите на СП 2019, буквално во последната секунда од „малото финале“ против Германија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА