ЕКИПА во Хернинг,
Стеван Цаневски
Ракометната репрезентација на Македонија утре против домаќинот Данска ќе го стартува настапот на Европското првенство во Скандинавија.
Повратникот во репрезентативниот дрес Никола Костески вели дека знаат дека групата е тешка, но дека се тука да дадат се од себе.
„Знаеме дека групата е тешка. Првиот натпревар е со Данска и знаеме со кој ќе се соочиме. Ние сме тука да дадеме сè од себе, се подготвуваме да дадеме максимум. Потоа размислуваме и за Португалија и Романија, бидејќи за нас тоа ќе бидат битки за втората фаза. Данците ќе целат на првото место и златниот медал, а наше е да ја поминеме групата, да побараме шансата во вториот и третиот меч. Мислам дека имаме квалитет, овој тим знае како да игра со тешки ривали и зошто да не изненадуме. Мора да се покажеме во најдобро светло, не смееме да се откажеме и мора да покажеме што знаеме против Данска за да ни биде полесен патот против Португалија и Романија“, изјави Костески.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

