Никола Малешевиќ и Работнички остануваат заедно и следната сезона

Никола Малешевиќ и следната сезона ќе ги брани боите на македонскиот најтрофеен кошаркарски клуб, Работнички откако српскиот интернационалец кој е дел од македонското првенство веќе три години ја продолжи соработката со „црвено-белите“.

Малешевиќ во минатото беше клучен дел од екипата на Пелистер, а откако ја започна ланската сезона во Цибона, во ноември пристигна во нашиот главен град. Настапи на 21 натпревар во Првата лига каде оствари просек од 16.0 поени, 5.5 скокови и 2.2 асистенции, предводејќи го Работнички до полуфиналето од разигрувањето за титула.

Се вчитува...