Никола Маркоски не го криеше задоволството од триумфот на Еурофарм Пелистер над Бутел од 25-21 во вториот полуфинален натпревар од Купот на Македонија.
Со оваа победа битолчани си обезбедија финале против лутиот ривал Вардар 1961 кое ќе се игра во недела во Кавадарци.
„Може да се каже дека Бутел покажа дека е цврста екипа на денешниот натпревар, но ние ја оправдавме фаворитската улога и заслужено дојдовме до финале“ – истакна по мечот Марковски, притоа дополнувајќи:
„Сега не чека големото финале против Вардар. Ќе биде тоа навистина тежок натпревар, но ние ќе направиме се за да однесеме еден трофеј оваа сезона во Битола, и да ги израдуваме нашите навивачи“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА