Пикерот Никола Марковски одлично одговор на задачата и беше еден од адутите на македонската репрезентација во дуелот со Шпанија. Борбено на линијата Марковски беше стрелец на пет гола од шест обиди и вистински проблем за одбраната на Шпанија. По ваква игра Македонија може само да жали што не се изборивме барем за еден бод, нагласува тој по исцрпувачкиот меч против фаворитот во групата.
„Одигравме еден добар натпревар, штета што не забележавме позитивен резултат, барем нерешено. На секој натпревар се влегуваме максимално, нема калкулации. Сега да одмориме, со мирни глави за утрешниот натпревар. Да ја анализираме играта на Исланд и да извлечеме позитивен резултат да ја избегнеме Франција. Трениравме напорно, подготвени сме одиме до крај, а и имаме и поголема самодоверба после еден ваков меч“ – изјави Никола Марковски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА