ЕКИПА во Вараждин,
Стеван Цаневски
Никола Митревски, како и секогаш, до крај максимално за македонската репрезентација. Така беше и денеска против Австријците, и покрај тоа што, Митревски играше болен ако се знае дека на само два часа пред мечот беше со температура од 39,5 степени.
Така и го започна Никола разговорот со македонските медиуми во Вараждин, по мечот со Австрија.
„Ве молам само на дистанца од мене. До пред неколку часа бев со температура од 39,5 степени, но знаев дека едноставно мора овој пат да се ставиме на располагање на македонската репрезентација, со оглед на тоа што имаме повеќе ракометари во тимот со здравствени проблеми“ – почна Митревски, притоа веднаш осврнувајќи се на мечот со Австрија.
„Извлековме на крај реми во еден израмнет натпревар. Се играше гол за гол, на крајот и среќата не посака за, мислам, реално на крај. Но, ако се се сумира мислам дека првото полувреме можевме ние да го добиеме и тоа убедливо и ако го успеевме тоа мислам дека на крај и ќе победевме. Но, како и да е, израмнет натпревар со реален на крај резултат. Мислам дека и со Катар не очекува израмнет дуел. Катарците одиграа рамноправен натпревар со Австрија и мислам дека и нашиот меѓусебен дуел ќе биде неизвесен. Но, ние сме тука да го дадеме максимумот и повторно да одиме на победа“ – рече македонскиот голман.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА