Македонскиот репрезентативец Никола Митревски, имаше уште едно одлично издание на голот на Констанца во дуелот против Минаур Баја Маре во првенството на Романија. Констанца го доби дуелот со 34-27 и ја запиша 14.победа во шампионатот.
Митревски бранеше во второто полувреме и запиша 11 одбрани. Потег на мечот беше акробацијата на македонскиот голман кога при водство на Констанца од 29-24 гостите шутираа од својата половина кон празниот гол на противникот. Но, Никола Митревски успеа од клупата да се врати на голот и во последен момент „фудбалски“ ја исфрли топката покрај голот, а тој заврши во мрежата.
Црноглавац со осум и Вујовиќ со пет гола беа најефикасни во триумфот на Констанца, но одбраните на Митревски во последната четвртина го решија победникот во овој дуел. Вториот македонски репрезентативец, Велко Марковски, вообичаено беше задолжен за одбраната на Констанца.
По 23.одиграни кола, Констанца моментно е на 6.место на табелата со 46 бода исто колку што има и ЦСМ Букурешт на 5.позиција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА