Никола Митревски со Порто ја освои шампионската титула

Македонскиот голман Никола Митревски синоќа се радуваше на нов трофеј во португалскиот шампионат, откако неговиот тим ја освои титулата на едно коло пред крајот на сезоната.

Митревски и неговиот тим славеа на гостувањето кај Агуас Сантас, и со тоа ја освоија 23-тата титула во историјата на Португалија.

Македонскиот голман стандарно го чуваше голот на својот тим, и забележа девет одбрани на синоќешниот меч.

Се вчитува...