Голманот на македонската репрезентација, Никола Митревски е на второто место во Топ 5 одбраните од последното коло во квалификациите за пласман на ЕП 2018 во Хрватска. На последниот дуел против Чешка во Скопје, Македонија славеше со 33-20, а една од најдобрите одбрани во изборот на ЕХФ ја имаше токму макеоднскиот голман. Митревски беше на македонскиот гол во последната четвртина од натпреварот, а во Топ 5 влезе со атрактивната одбрана на контрата на Петр Шлахта.
Најатрактивната одбрана во последното квалификациско коло ја има голманот на Летонија, Раитис Пурнис.
Топ 5 одбрани во квалификациите за ЕП 2018:
- Раитис Пурнис (Летонија)
- Никола Митревски (Македонија)
- Силвио Хајневетер (Германија)
- Иван Матскиевич (Белорусија
- Кристијан Филиповиќ (Австрија)
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА